Од вчера изутрина, околу Транзитниот центар Табановце почна да се поставуваат бетонски столбови за нова жичена ограда, висока три метри. Ова предизвика револт меѓу бегалците и економските мигранти, кои со денови се заглавени на граничниот премин и поради тоа, денеска почнаа протест со глад.
На терен со нив се и волонтерите на невладината „Легис“, кои велат дека бегалците веќе некое време извикуваат „Отворете ги границите“.

Фото: Телма
Во меѓувреме, оградата ја поставуваат тимови на Армијата на Република Македонија, со цел да се зголеми безбедноста на мигрантите и на локалното население, а воедно и да се спречат нелегалните влегувања и излегувања од кампот. Надлежните инфомираат дека со новата жичена ограда ќе се обнови веќе постоечката заштитна ограда.
Во транзитниот центар Табановце има вкупно 933 мигранти, а на граничната линија на македонско-српската граница во шатори престојуваат 362.