Се поплави железничка станица во Упсала, Швеѓани си носеа гуми и маски за нуркање

Железничка станица во центарот на Упсала, Шведска беше поплавена поради големата бура во текот на викендот. Со ниво на водата до колена во делови на станицата, беше логично луѓето да се откажат од нејзиното користење, се додека водата не се испумпа надвор.

Но, некои жители имаа поинаква идеја: тие ги претворија железничките платформи во голем базен. На Инстаграм, неколкумина ставија фотографии од локалните жители кои се релаксирале во водата, користејќи гуми и душеци, и покажале дека јавните простори може да се користат, дури и кога се поплавени, објави Гардијан.

Тони Свенстром, кој ја набљудувал сцената, на Инстаграм напишал дека не поминало долго време за обезбедување да ги предупреди „рекреативците“ да си заминат. Постоела загриженост од можен струен удар преку водата.

Друг човек си донел и очила за нуркање и пиштол за вода, а жена по име Сара Торен донесе пераи, маска за нуркање и чадор. Торен, која е фотограф, објави видео за она што го правеше:

„Не можам да кажам дека тоа беше најчистата вода во која некогаш сум се капела, па затоа морав да направам вистинско бањање под туш потоа”, изјави таа за локалните медиуми.

Во неделата вечерта градот ја испумпуваше водата, а станицата е вратена во нормала.