Се подготвуваат казни за непрописно скијање

Според предлог-законот за скијалишта, кој е веќе во собраниска процедура, предвидени се редица казни за непрописно скијање, јавува Алсат-М. Казните нема да ги пишуваат полицајците, но според предлог-законот кој го подготвило Министерството за транспорт и врски, скијачите ќе плаќаат од 30 до 300 евра ако направат некои од следниве прекршоци:

–    Невнимателно и брзо скијање со оглед на условите на патеката
–    Опасно претекнување на патеката
–    Непочитување на поставените ознаки и сигнализација
–    Скијање со неисправна и несоодветна опрема
–    Скијање под дејство на алкохол, дрога или психоактивен лек
–    Скијање наназад

Надлежни за пишување казни ќе бидат инспекторите за спорт. Но, во законот не е наведено како ќе се докаже дека, на пример, некој скијач вози побрзо отколку што е дозволено или вози под дејство на алкохол.

Појаснување, но и реакции за дел од дилемите може да се очекуваат и од ски-центрите, бидејќи од нив се бараат голем број на услови за да можат да работат, а за нив се предвидени казни и до 3.000 евра по различни основи.