Се подготвува закон со кој ќе се дозволи производство на ГМО-храна

Агенцијата за храна и ветеринарство подготвува измени на Законот за безбедност на храна со кои ќе се овозможат генетски модифицирани производи од Македонија. Во моментот, текстот е на финално усогласување со Секретаријатот за законодавство, пред негово проследување до Влада на РМ.

Храната со генетски модифицирани организми ќе може да се пласира на македонскиот пазар но компаниите ќе мора претходно да ги поминат строгите законски и подзаконски процедури на одобрување. Прагот без толеранција ќе биде до 0,9 отсто, а се што ќе биде над тоа ќе мора да биде со декларација.

Според сегашните законски прописи производството со ГМО-содржина е забрането.

Покрај производството и извозот, ќе биде дозволен и увозот, а измените на законот се всушност усогласувања со регулативите за безбедност на храна во Европа.