Се подготвува второто издание на уметничкиот фестивал „ДРИМОН“ во Струга

Здружението на млади уметници, Иницијативата за независен културен активизам – ИНКА во Струга и годинава ќе го организираат феставалот за процесирање култура „ДРИМОН“.

10440921_826861600657617_6542397895549516390_n

Второто издание на фестивалот ќе се одржи од 23-ти до 27-ми јули, на повеќе локации низ градот. Од ИНКА ја продолжуваат традицијата на организирање на еден поинаков културен и уметнички фестивал, кој минатата година привлече големо внимание кај публиката, посебно кај младите кои се занимаваат или се интересираат за алтернативна уметност. Во рамки на годинешната програмата за фестивалските денови, се најавуваат разновидни содржини, промоции на дела, перформанси, прикажување на филмови, изложби.

Фестивалот е еден од најкрупните проекти на младите струшки уметници, културни работници и писатели, членови на ИНКА. Здружение кое е формирано во 2013 година во Струга, во текот на целата година организира различни културни настани. Мисијата на ИНКА е да ја зајакне свеста кај граѓаните за позитивното влијаније на културата и уметноста врз колективниот квалитет на живот, да иницира креативни индустрии и културно-уметнички настани кои ќе го поттикнат економскиот одржлив развој како и регрутирање, подршка и едукација на млади креативни сили и уметници и зајакнување на нивните креативни капацитети и примена на уметноста како алатка за развој на неформалното образование и социјално вклучување на ранливи групи.