„Денови на кариера” на скопските факултети

Започнаа „Деновите на кариера” организирани од АИЕСЕК Скопје. На студентите им се дава можност да стапат во контакт со некои од најуспешните компании на пазарот, да се советуваат со предавачите и да добијат одговор на сите свои прашања поврзани со тоа како да се добие работа или да се започне посакуваната кариера.

„Денови на кариера" на скопските факултети

Како дел од овој настан ќе се одржат и три едукативни семинари, на Економскиот Факултет (29,30,31-ви март), на ФИНКИ (30 и 31-ви март) како и на Факултетот за фармација (5-ти април).

За сите заинтересирани студенти учеството е бесплатно, но претходно ќе треба да ја пополнат пријавата со што стануваат дел од годинешните „Денови на кариера”.