Се одржи третата „Детска критична маса“

Колектив „Ветерница“ и иницијативата „НаТочак“ денеска во Скопје ја организираа третата по ред „Детска критична маса“, која се одржа под мотото „Ветеруваме НаТочак “. Целта беше подигнување на свесноста за значењето на велосипедот како основно превозно средство во градот.

Исто така, идејата беше малите велосипедисти повторно да учат за деловите на точакот, како да му направат брза проверка, да научат за некои основни сообраќајни правила и знаци при возењето точак, а притоа да ја извозат „Детската критична маса“.

На крајот, учесниците танцуваа за да го прослават заедничкото возење точак бидејќи, како што велат иницијаторите, „време децата да го спасат овој град од гадниот чад“.