Се одржаа студентски избори на Машински факултет

Денеска се одржаа студентските избори на Машинскиот факултет,на кои студентите гласаа за претседател и членови на факултетското студентско собрание.  Студентите од сите  години имаа можност да гласаат во просториите на факултетот од 10 до 14 часот.

„До 15 часот, излезноста е мала, само 33 гласа. Се очекува поголем број на гласови со оглед на бројот на студенти на Машинскиот факултет. Досега, сите студенти кои излегоа да гласаат, беа на избирачките листи“ – велат од комисијата.

Студентски избори останува да се одржат уште на Архитектонски факултет, а гласањето е закажано на 17 декември.

Ангела Илиевска