Се одржа финалето на локалниот дебатен турнир „Неготинијада“

Изминатите два дена Неготино беше еден од центрите на младинската дебата во земјава. На локалниот дебатен турнир „Неготинијада“ учествуваа 15 дебатери распоредени во пет тимови, за во финале на крајот да останат двата најдобри тимови со шест дебатери, учесници во натпреварот.

Неготинијада

Па пат на ждрепка беше одлучено кој од тимовите ќе биде афирмативен, акој негативен тим по што беше поставена и финалната теза за дебата„Екстерното тестирање е оправдано“.

„Неготинијада“

По вкрстувањето на сите аргументи и одличната работа на сите дебатери, во ова финале победи афирмативниот тим. Сите дебатери добија сертификати за учество, а беа прогласени и тројцата најдобри говорници на дебетната „Неготинијада“.

„Неготинијада“

Учесници во  „Неготинијадата“ беа членови на дебатните клубови на Младински Образовен Форум. Дводневноот настан го организираше МОФ во соработка со Центар за Регионален Одржлив Развој од Неготино и Младинската организација при СОУ. Кирил и Методиј.