Се одлага Reload во Владичин Хан, општината ќе прави свој фестивал

Организаторите на фестивалот Reload, кој требаше по седми пат да се одржи во српскиот град Владичин Хан од 25 до 27 јули, соопштија дека фестивалот се одлага за во август.

Според информаците, локалната самоуправа во Владичин Хан, на само десет дена пред почетокот на фестивалот, одлучила да ја запре поддршката за фестивалот и да организира свој музички настан.

Се одлага Reload во Владичин Хан, општината ќе прави свој фестивал

„Прво имавме поддршка од милион динари (8.500 евра, н.з.), а потоа не викна претседателот на општината Горан Младеновиќ и ни кажа дека не сака да го поддржи одржувањето на овој спектакл. Тој замислил да направи свој, политички фестивал. Ни кажа и дека не сака нашето здружение повеќе да се промовира преку фестивалот“, вели Стефан Љубисављевиќ од здружението Reload.

Организаторите велат дека досега имале поддршка од сите локални политичари и функционери, како и дека од фестивалот не заработуваат, туку нивната активност е комплетно волонтерска. Тие денеска покренаа интернет-петиција, на која бараат поддршка за фестивалот, со хаштаговите #SupportReload и #podrziReload. 

„Локалната замоуправа донесе одлука да се организира музички фестивал под друго име и формиран е организациски одбор.Проценивме дека еден музички фестивал треба да се организира на поинеков начин и под протекторат на општината. Тоа може подобро да ја промовира општината, а не како досега, кога Reload го држеше група волонтери. Сакаме да спречиме некој да ја приватизира манифестацијата, ни треба промоција на општината“, вели градоначалникот Младеновиќ.

Според најавите, Reload по ова се сели во блискиот град Сурдулица, а фестивалот ќе се одржи во втората половина на август, со истите и нови изведувачи. Настанот изминатите години предизвика големо внимание на југот на Србија, го посетија повеќе десетици илјади млади, а преноси од фестивалот вршеше и регионалниот музички канал МТВ адриа.