Се намалува бројот на кловнови на светско ниво, финансиите се најголема пречка

Бројот на луѓе кои сакаат да бидат кловн се намалува. Ова го потврдува и Светската асоцијација на кловнови од каде велат дека бројот на нивни членови се намалил за третина во изминативе десет години, или од 3500 до 2500.

-Еден од првите професионални кловнови во Хонг Конг, 35-годишниот Кен Кен објаснува дека во изминативе 15 години тој следел како што вели „позитивна кариера што ги усреќува луѓето“.

Најчесто презафатен со настани, Кен заработува 71 000 долари годишно. Ова делумно е благодарение на растечкиот тренд во Хонг Конг да се најмува кловн за детски забави.

Со над 100 перформанси годишно, воедно и приходите од обуките на други лица, Кен заработува доволно пари за да биде кловн.

Но, ова е сосема различно од ситуацијата во која се кловновите во Америка и Европа, каде најчесто им е потребна и друга работа за да можат да си ја дозволат оваа професија.

Џули Вархолт, 52, е кловн од четврта генерација во Феникс, Аризона. Таа вели дека типичен кловн во Америка заработува 14 000 долари годишно. Огромната дискрепанца во однос на приходите е една од причините поради кои оваа професија бележи раст во Кина, а сериозно намалување во Америка. 

Таа вели дека е во можност да заработува доволно за да биде кловн, наречен Lovely Buttons, а при тоа да не мора да има и втора работа, но нагласува дека тоа воопшто не е лесно.

Во Мумбај, Мартин „Flubber’ Д’Суза е уште еден кловн кој целосно се посветил на професијата. Тој вели дека се чувствува моќно кога настапува со својот лик.

И покрај негодувањата на неговата фамилија, 47-годишниот Мартин станал професионален кловн откако добил две универзитетски дипломи, за физика и менаџмент.

Тој денес успева да заработи за да има добар живот, така што прави претстави со својот лик и дополнително води бизнис за најмување кловнови со над 80 лица, сите студенти.

D’Суза вели дека се повеќе млади Индијци сакаат да станат кловнови бидејќи „денешната младина бара алтернативен начин на образование и вработување“.

Тој додава: „Тие се здосадени од конвенционалната „од осум до четири“ работа, па кловновската работа стана прифатлива“.

Друга разлика помеѓу кловновите во Азија и Америка и Европа е големата разлика во години.

„Не наоѓате многу млади кловнови на Запад“, вели Д’Суза.

Просечната возраст на кловновите во Азија е помеѓу 25 и 30 години, додека на Запад, просечната возраст е 50 години.

„На Запад не гледаат на кловновската работа како на профитабилна кариера, но во Азија, луѓето навистина го гледаат како алтернативна на канцелариската работа, или работата во фабрика“, зебележува тој.