Се доделува Национална награда за волонтерство

Се доделува Национална награда за волонтерствоНационалниот совет за развој на волонтерството и Министерството за труд и социјална политика доделуваат Национална награда за волонтерство за 2013 година.

Наградата се доделува во четири категории: Награда за волонтер на годината (физичко лице), Награда за организатор на волонтерска работа (правно лице), Награда за волонтерска практика (правно лице) и Награда за медиуми (правно лице).

Целта на наградата е да го промовира волонтерството кај пошироката јавност, да се зголеми видливоста на волонтерите и позитивните волонтерски практики и да инспирира кон понатамошно унапредување и развој на волонтерството.

Воспоставувањето на годишната национална награда за волонтерство , е дел од мерките предвидени во Стратегијата за промовирање и развој на волонтерството (2010-2015), донесена од Министерството за труд и социјална политика.

Апликациите за пријавување со критериуми за селекција , достапни се на www.mtsp.gov.mk. Пријавите се примаат најдоцна до 22-ти ноември 2013 година, до 16:00 часот. Повеќе детали за наградата на следниот линк.