СДСМ: Прикривани се информации за смртта на Никола Младенов

Власта криела клучни информациии за смртта на новинарот Никола Младенов, обвини опозицискиот лидер Зоран Заед кој денеска на 30-тата „бомба“ објави снимки од разговори меѓу министерката за внатрешни работи Гордана Јанкуловска, портпаролот на МВР Иво Котевски, шефот на УБК, Сашо Мијалков и Мартин Протуѓер, како и со премиерот Никола Груевски.

Според Заев, доказите кои ги изнесоа денеска пред јавноста, како и аудио разговорите, отвораат сомнеж за тоа дали случајот Никола Младенов може да се затвори како трагична сообраќајна незгода. Оттаму посочија дека според денешните објави, има десет причини што покажуваат дека е неопходно отворање истрага за смртта на Никола Младенов

Премиерот Никола Груевски пак, по објавувањето на опозициската „бомба“изјави дека снимките покажале дека власта немала никаква улога во трагичното загинување на Младенов. Тој истакна дека иако не се сомневаат во исправноста на постапката на обвинителите и институциите, заради поголема доверба во процесот поддржуваат нова истрага и нејзино што побрзо спроведување.

Целата прес конференција, аудио записите и СМС пораки од 30-тата бомба, погледнете ги во продолжение: