Сценаристот на Idiocracy: Се остварува мојата визија за заглупавена Америка

Кога главниот лик се буди по 500 години криогенски сон, тој се наоѓа во свет на целосен идиотизам. Интелектуалната љубопитност е мртва, како и општествената одговорност. „Интелигентните“, објаснува нараторот, се станати загрозен вид.

Ова беше заплетот на култната комедија од 2006 година, „Idiocracy“. сатиричен филм кој се потсмеваше со замислената дистописка верзија на Америка, во која сите, вклучувајќи ги и политичарите, се екстремно глупави. Сега, Ethan Cohen, сценаристот на филмот (не е еден од браќата Coen), вели дека неговата визија полека се остварува.

„Никогаш не очекував дека „Idiocracy“ ќе биде документарен филм. Мислев дека најмногу што може да се оствари е сите да носат гумени влечки“, вели Cohen.

Сценаристот не е првиот член на екипата што го правеше филмот, кој јавно ги споредува сегашните случувања, особено околу претседателската трка во САД, со приказната и ликовите во „Idiocracy“. И актерот Terry Crews, кој во филмот го игра претседателот Dwayne Elizondo Mountain Dew Herbert Camacho тоа го стори преку Твитер:

И режисерот на филмот, Mike Judge, вели дека фановите често го контактираат и прашуваат за негово мислење за остваувањето на состојбите опишани во филмот.