Социјалниот центар „Дуња“ прославува девет години постоење со различни активности.
„Преку солидарност и заедничарење стигнавме до деветтата година од нашето постоење, години исполнети со потешкотии, предизвици, но и успеси во борбата против идеолошката хегемонија на класно раслоеното експлоататорско општество. Истрајно, непокорно и непоколебливо се бориме против национализмот, империјализмот и капитализмот и нивните придружни појави кои имаат за цел угнетување на луѓето било каде во светот“, соопштуваат од „Дуња“.
Преку вредностите кои ги негуваат, велат од таму, успеале во „Дуња“ да го создадат и живеат општеството за кое се борат.
„Веќе девет години Дуња ја претставува пркосната искра во сивилото и едноличноста на граѓанското општество, активно поддржувајќи ги борбите кои почиваат на класна, антинационалистичка и антиимперијалистичка основа во земјата и светот. И нашата роденденска програма, е во духот на нашето делување, па ве покануваме на протест за поддршка на народот во Палестина, изложба од повеќе уметници, заедничко готвење, едукативен квиз и разни видови на музички настапи“, стои во соопштението.
Програмата започна вчера со свирка на „Die Angst“ од Германија, а продолжува во текот на денешниот ден, се’ до вечерта:
Сабота 04.10.2025
– 12:00ч Протест за поддршка на народот во Палестина
– 14:00ч Заедничко готвење и ручек
– 17:00ч Едукативен квиз
– 19:30ч Отворање на уметничка изложба
– 20:00ч Музичка селекција со Лени и Јане
– 21:00ч Medarski: електронска музика
Во продолжение, потсетуваме на видеото на Радио МОФ, кое го направивме за 5-годишнината од постоењето на СЦ „Дуња“: