Саумсунг тестира паметен мобилен телефон со двоен екран

Компанијата Самсунг оваа година најверојатно ќе произведува паметни телефони со двоен екран, пишуваат странските медиуми. Самсунг веќе започна да произведува уреди со двоен екран, а планот е да произведат од 2 000 до 3 000 мобилни телефони во првата половина на 2017 година.

Уредите со двоен екран ќе имаат два 5-инчни ОЛЕД (Органска светлечка диода) екрани. Сличен уред, Mediac WN-05E, претходно направи јапонската компанија NEC.

Самсунг веќе подолг период планира произведување на вакви паметни телефони. Досега се направени прототипи од мобилен телефон на преклопување со двоен екран. Дел од медиумите пишуваат дека покрај првичната верзија на двојните екрани, Самсунг до 2019 година би требало да произведе комерцијална верзија на паметен телефон на преклопување.