Саудиска Арабија отсега им дозволува на жените влез на спортските стадиони

Саудиска Арабија ќе им дозволи на жените да посетуваат спортски настани во стадионите во за прв пат, почнувајќи од наредната година.

Жените ќе можат да влегуваат во стадионите во три поголеми градови – Ријад, Џеда и Дамам.

Саудиската влада вели дека ова е уште еден потег кој ќе им даде поголема слобода на жените во државата, кои се соочуваат со строги правила за родова сегрегација. Одлуката доаѓа после историското укинување на забраната за возење.

Принцот Мухамед бин Салман изјави дека „ќе води модернизација на саудиското општество и ќе ја развие економијата“.

Спортските власти на Саудиска Арабија велат дека подготовките ќе започнат во трите стадиони за да можат „да сместат цели семејства од почетокот на 2018 година“.

Како дел од промените во стадионите ќе бидат поставени и ресторани, кафулиња и екрани. Досега, овие во ваквите објекти смееја да пристапат само мажите.

Реформите се дел од широкиот план на промени најавени од 32-годишниот принц Мухамед, кој сака да донесе социјална и економска промени во кралството кое е богато поради природните ресурси на нафта.

Минатиот месец, кралски декрет им овозможи на жените да смејат да возат од наредниот јуни. Повторно се одржуваат концерти, а се очекува и да се отворат повторно кино салите.