Највисоката зграда во светот Burj Khalifa, изградена во Дубаи, наскоро ќе добие конкуренција, ако во Саудиска Арабија се изгради кулата Jeddah , проект за кој се одвоени 1,23 милијарда долари.
Властите во Саудиска Арабија соопштија дека досега се изградени 26 ката, додека облакодерот што во висина од еден километар ќе се издигнува во облаците треба да се заврши во 2020 година. За споредба, Burj Khalifa во Дубаи е над облаците 827 метри.
Претходно, властите во Саудиска Арабија најавија кула со 200 ката и поглед кон целото Црвено море. За конструкцијата се потребни 5,7 милиони метри квадратни бетон и 80 000 тони челик. Изградбата на толку висока градба, покрај крајбрежје, каде солената вода може да ја оштети, не е лесен зафат. Столбовите на зградата, кои ќе бидат 60 метри под земја мора да ја издржат солената вода од океанот. Ветерот е уште еден проблем за овие згради. Со цел да се спречи ризик, зградата ќе го менува обликот редовно.