Санта речиси четири пати поголема од Њујорк се одвои од Антартикот

Огромна санта скоро четири пати поголема од градот Њујорк се одвои од Антарктикот во морето Ведел, создавајќи го најголемиот леден брег во светот, според Европската вселенска агенција.

Новата санта ја доби ознаката АН-76 откако беше забележана на неодамнешните сателитски снимки направени од Коперникус Сентинел-1 мисијата, се вели во соопштението на вселенската агенција на нивната веб-страница со фотографија од огромната, долгнавеста санта мраз.

Нејзината површина се протега на 4.320 квадратни километри и е со димензии 175 км долга и 25 км широка, пишува Гардијан.

За споредба, вкупната површина на земја и вода на Њујорк е 1.213 квадратни километри, додека шпанскиот остров Мајорка во Медитеранот зафаќа 3.640 квадратни километри.

Новата санта мраз ја надмина и А-23А, што е околу 3.380 квадратни километри и исто така плови во морето Ведел.

Периодичното одвојување на големи парчиња санта мраз е дел од природниот циклус. Но, дел од нив претрпеа брзо распаѓање во последните неколку години, феномен кој според научниците е поврзан со климатските промени.