Финската премиерка Сана Марин со 34 години ќе биде најмладиот премиер во светот
34-годишната Сана Мартин, која ќе ја предводи владината коалиција во Финска, ќе стане најмладиот премиер во светот.
Таа претходно беше министерка за транспорт, а нејзината социјалдемократска партија одлучи да дојде на чело на владата по оставката на премиерот Анти Рине. Марин се очекува да даде свечена заклетва во текот на неделава.
Премиерката ќе ја предводи централно-левичарската владина коалиција во која се наоѓаат пет партии, сите предводени од жени.
Finland’s government is now led by these five party leaders. #newgeneration pic.twitter.com/vis0qB9tO8
— Tuomas Niskakangas (@TNiskakangas) December 8, 2019
Претходниот премиер Рине се повлече откако му беше изгласана недоверба од коалициските партнери поради неговите постапки за време на штрајкот на поштенските служби.
Кога Марин ќе стапи на функција таа ќе биде најмладиот шеф на влада во светот. Премиерката на Нов Зеланд, Жаклинда Арден има 39 години, додека украинскиот премиер, Олексиј Хончарук има 35 години.
Марин ќе биде третата жена премиер во историјата на оваа скандинавска држава.