Сан Франциско усвои закон со кој сите продавници за домашни миленичиња ќе продаваат само спасени кучиња и мачки

Властите во Сан Франциско изгласаа да се забрани продажба на неспасени кучиња и мачки во продавници за домашни миленичиња, како дел од напорите да се искоренат „нехумание” операции на размножување кутриња во градот.

Измената нема да влијае на лиценцираните одгледувачи, но ќе има за цел да се справи со распространетоста на кутрињата, а истовремено да го олесни посвојувањето на илјадници животни во градските засолништа.

Сан Франциско не е првиот град во САД што имплементира таква мерка, која, исто така, ќе ја забрани продажбата на животните стари помалку од осум недели. Лос Анџелес, Сан Диего, Чикаго, Филаделфија, Бостон и Остин усвоија слична легислатива.

„Повеќето љубители на животни се ужаснати од помислата да го носат своето домашно милениче во валкан кафез за една секунда, а камоли една недела, месец или дури години. Сепак, тоа е судбината на многу животни кои се дел од големиот број операции на размножување низ целата земја, вклучувајќи продажба на мајките на многу кученца и мачиња во продавници за домашни миленичиња“, пишува во колумната на Одборот на супервизори во Сан Франциско.

„Како одоговор на тоа, повеќе од 200 градови и региони низ државата забранија продажба на кучиња и мачки во продавници за миленичиња.”

Мими Бекечи, директорка на меѓународната програма за животни ПЕТА, ја пофали одлуката како „прогресивна” и пример за другите.

„Со ова гласање, Сан Франциско се покажа дека е градот на љубовта за милиони кучиња и мачки кои имаат очајна потреба од домови“, вели таа.

„Градот призна дека животните не се стока и дека постои директна врска помеѓу индустријата и милионите кучиња и мачки во засолништата низ целиот свет кои се евтанизирани секоја година, бидејќи таму не се доволно добри условите за сите нив“, додаде.

Градскиот супервизор Кети Танг, кој го предложи законот, го повика Министерството за земјоделство на САД да ги врати информации на својата веб-страница за документирање случаи на суровост кон животните, кои беа отстранети на почетокот од месецот.

Сан Франциско во моментов нема продавници за миленичиња кои продаваат кучиња и мачки, но според Танг,  оваа мерка ќе им помогне на институциите контрола и можност да спречат отворање на такви продавници.

Одделот за животни во Сан Франциско годишно вдомува повеќе од 6.000 животни.