Сан Диего ќе стане првиот голем град во САД кој користи обновлива енергија

Сан Диего е прв поголем град во САД кој се обврза да користи 100 посто обновлива енергија, после потпишувањето договорот во Париз минатата недела, со кој земјите се обврзаа да ги намалат емисиите на стакленички гасови.

После едногласно гласање во Градскиот совет, Сан Диего, кој е осми најголем град во Соединетите Американски Држави, се обврза да користи 100 посто обновливи енергетски ресурси и да ги намали емисиите на стакленички гасови на половина во наредните 20 години.

Сепак, ова е амбициозна цел, пишува The Next Web.

За да стигнат таму, градските власти велат дека половина од возилата кои се користат за градски превоз ќе бидат заменети со електрични возила до 2020 година, како и дека ќе рециклираат 98 посто од метанот произведен од канализацијата и фабриките за филтрирање на вода.

На деталите сé уште се работи, но градоначалникот Kevin L. Faulconer рекол дека најважниот, прв чекор кој исполнување на целта е „да бидат сигурни дека е зацртана и да се држат кон нејзиното остварување“.

Засега градот планира да се фокусира на пет стретешки цели: згради со самоодржлива енергија и снабдување на вода, чиста и обновлива енергија, велосипедизам, пешачење и соодветни патеки, намалување на ѓубрето, промоција на рециклирањето и одговор на преку создавање на програми и политики кои ќе им помогнат на градските власти да одговорат на можни катастрофи.

Според Evan Gillespie, директор на кампањата за одржлива енергија на Sierra Club во Калифорнија, овој план може да доведе до годишно намалување на седум тони стакленички гасови.

Тој вели дека ова треба да биде поттик за други големи градови во Калифонија и САД.

„Треба други да го видат ова и да кажат: „Играта започна“. Ни треба градовите како Лос Анџелес, Сан Франциско и Њујорк да истапат“.