„Самсунг“ создаде паметен телефон на кој нема интернет

„Самсунг“ произведе паметен телефон за корисниците кои не сакаат да користат интернет.

Galaxy J2 Pro има слични спецификации и дизајн како и останатите паметни телефони на „Самсунг“, но нeкои алпикации не можат да се отворат и не може да се поврзува со интернет мрежа.

Во соопштението од компанијата, се наведува дека J2 Pro е наменет за да им помогне на студентите да останат фокусирани во училницата, а не да проверуваат постојано пораки и содржини на Снепчет, Фејсбук и други апликации.

Компанијата понуди и попусти за купувачите од 18 до 21 проценти за уред чија вообичаена цена е 186 долари.

Уредот доаѓа во црно-бели бои, има АМОЛЕД екран до пет инчи, 1,5 гигабајти РАМ-а и простор за микро СД картичка. Тука е и предната камера од 5 мегапиксели и задна камера од осум мегапиксели.

На телефонот може да се најдат сите апликации кои не бараат поврзување на интернет за да функционираат.

Телефонот засега може да се најде само во Јужна Кореја.