Самсунг произведе мемориска картичка од 256 гигабајти

Самсунг наскоро ќе пушти во продажба картичка со меморија од 256 гигабајти, на која може да се смести видео долго 12 часа, со квалитет од четири илјади пиксели.

Со таа меморија, на EVO Plus картичката може да ја собере целата Lord of the Rings трилогија во најголем квалитет, 33 часа снимен материјал во HD, 55200 фотографии или 23500 mp3-а.

За најновата картичка е употребена најновата V-NAND технологија, а има брзини за вчитување и пренесување од 95 мегабити во секунда и 90 мегабити во секунда.

Самсунг ќе ја продава EVO Plus картичката во повеќе од 50 држави, почнувајќи од јуни. Со картичката корисниците ќе добијат и гаранција од десет години. Картичката ќе чини 250 долари – речиси еден долар за гигабајт, пишува The Next Web.