Самсунг го повлече новиот Галакси 7 поради пријави за експлозии

Новиот Галакси 7 на компанијата Самсунг, за кој илјадници луѓе чекаа редици пред продавниците, ќе се врати на доработка, поради пријавени случаи на пожар при полнење на мобилниот.

Технолошкиот гигант планира глобално да го повлече производот од пазарот откако биле пријавени најмалку 35 инциденти.

Компанијата претходно соопшти дека ќе го запре понатамошните пратки додека се вршат дополнителни тестови на хардверот.

Корисници од Индија, кои го порачале мобилниот телефон примиле пораки дека испораката на нивниот мобилен телефон ќе биде одложена.

Инцидентите со хардверот на Галакси 7 се верува дека се поврзани со проблеми со батеријата. Батериите на полнење се главниот проблем за експлозиите и прегревањето на разни уреди.

Луѓето почнаа нагло да пријавуваат неисправност на батериите откако корисникот Ариел Гонзалес објави видео на Јутјуб со кое тврди дека неговиот телефон се запалил откако го исклучил од полначот кој одел заедно со мобилниот телефон.

Фејсбук страницата на Самсунг во Сингапур беше преплавена со негативни коментари и поплаки од револтирани корисници кои бараа објаснување за повлекување. Други корисници, пак, забележале дека траењето на батеријата на Галакси 7 не трае долго, додека некои велат дека уредот бил исклучително топол додека се полни.