Самостојна изложба на Стефан Димовски во МКЦ

Во понеделник, 19 ноември, во 20 часот ќе биде отворена 6. самостојна изложба на Стефан Димовски во галерискиот простор на МКЦ. На изложбата авторот ќе се претстави со триесетина дела во комбинирана техника.

Стефан Димовски е роден 1983 во Скопје, во уметничко семејство. Сериозно започнува да се занимава со акварел во 1995. Долгогодишниот престој во Франција му увозможува да воспостави контакти со познати акварелисти, и да ја усоврши акварелната техника до перфекција.  Досега има учествувано на повеќе групни изложби во Сан Рафаел, а исто така своите дела ги изложувал во повеќе галерии на југот на Франција.

Во 2010/2011 година дел од неговите акварели се селектирани во 11-тото издание на Интернационалниот каталог за модерна уметност (Италија, Рим) – MDS CATALOGO INTRNAZIONALE  D`ARTE MODERNA no.11 (EDITRICE  D`ARTE CIDA ROMA 2010/2011). Во 2011 добива награда за акварел во конкуренција на 60 сликари и акварелисти на 12 саем за сликари и акварелисти во Сан Рафаел, Франција. (FOIRES AUX CRОUTES DES PEINTRES ET DES AQUARELLISTES – Saint Raphael, France 2011). Во 2011 година исто така добива втора награда за скулптура изработена од отпад за рециклирање, во организација на ПАКОМАК.

Во 2015 година станува член на ДЛУМ, и учествува на сите изложби во организација на ДЛУМ во Р.Македонија како и во странство. Во 2017 добива награда „Златка четка” од ДЛУМ на МиниАРТура во НЛБ галерија. Во 2018 година заедно со Ангел Димовски Чауш, Трајче Чатмов и Љупчо Илиевски ја претствува Македонија на WORLD ART DUBAI во организација на Matchboox gallery Skopje, каде што истата галерија е номинира во 10 најдобри галерии во конкуренција од 42 галерии и 157 уметници.