Самостојна изложба на професорот Душан Перчинков

Самостојна изложба на сликарот, графичар и професор на Академијата за ликовни уметници во Скопје, Душан Перчинков ќе биде отворена утре (23 јули) во галерија Остен.

Перчинков ќе се претстави со дел од негови наградени дела како „Дизајн на некролог“ – графичка мапа од 6 листа, 50 х 33 см за што ја доби Специјална награда од жири на Интернационалното биенале за графика, Варна 2013.

Посетителите ќе может да го видат и циклус од 5 цртежи, туш на хартија, 70 х 50 см. со наслов „Предел“ – цртежот „Предел 5“, кој е носител на Награда од жири за високи уметнички достигнувања на ОСТЕН Биенале на цртеж, Скопје 2014.

Душан Перчинков (роден 1939) е најзначаен претставник на геометриското сликарство и еден од најавтентичните уметници во Македонија. Темелно ги истражува односите меѓу урбаниот и природниот свет. Неговите слики, графики и објекти ја третираат бојата од најниските до највисоките тонови.

Академија за ликовни уметности, оддел сликарство завршил 1963 година во Белград и специјализирал на одделот сликарство во 1966 година на истата академија. Во периодот од 1966 – 1969 година делува како слободен уметник и професор во основни училишта.

Од 1972 година е асистент во кабинетот за ликовно образование ри Архитектонскиот факултет во Скопје, за во 1980 година да дојде на Факултетот за ликовни уметности во Скопје, каде работи како професор по цртање и сликање. Перчинков со графика се занимава активно уште од 1973, додека од 1980 почува да се изразува и преку уметнички објекти.

Отворањето на изложбата во галерија Остен е најавено во 12 часот.