Самостојна изложба на карикатури на Недељко Убовиќ во Остен

Денеска, 6 април, со почеток во 12:00 часот, во просториите на ОСТЕН ќе биде отворена самостјна изложба на карикатури од Недељко Убовиќ.

На изложбата, насловена “Итд…” ќе бидат претставени 32 карикатури на Убовиќ, кои ги опфаќаат темите на глобализација, социјална правда, екологија.

Недељко Убовиќ (Србија), професионално се занимава со карикатура, анимиран филм и илустрација веќе 30 години. Има работено за најпознатите весници, списанија, како и ТВ емисии во бивша Југославија. Како уредник во „Младинска печатница”, а потоа и во „Борба”, ги има објавено првите дела. Оттогаш, има објавено повеќе од 10.000 карикатури и други прилози.

Недељко е исто така автор на околу 70 анимирани филмови, со кои учествувал на реномирани светски фестивали за анимиран филм. Бил добитник на многу награди и признанија за карикатура и анимиран филм, од локално до интернационално ниво.