Самохрана мајка сама изградила куќа со помош на Јутјуб туторијали

Во 2008 година, самохраната мајка на четири деца Кара Брукинс била жртва на семејно насилство – нејзиниот сопруг ја тепал, а поранешен партнер со ментална болест ја демнел. Не можела да си оди од дома, бидејќи немала каде да живее, ниту пак имала пари да си дозволи да купи куќа.

Како што објаснува на својата веб страница, Брукинс еден ден ги зела своите деца, подигнала кредит од банка за да купи еден ар земја и градежни материјали, и почнала сама да гради куќа.

На крај, успеала да создаде дом со површина од 330 метри квадратни, со пет спални соби и гаража во која собира три автомобили.

Бидејќи не можела да си дозволи да плати градежни работници, куќата ја направила со помош на вработени во Home Depot продавницата за материјали и многу видеа на Јутјуб. Во изградбата и помогнале и нејзините четири деца.

Брукинс вели дека ја водел „напад на тврдоглавост“, но и желбата на нејзините деца да имаат сопствена соба.

За своито искуство, напишала мемоар именува Rise (Подем), кој во продажба ќе биде пуштен на 24 јануари.