„Само вие знаете дали ги спасивме глечерите“ – Исланд со порака до идните генерации

Првиот од 400 глечери на Исланд кои ќе бидат загубени поради климатската криза ќе биде овековечен со спомен обележје, кое ќе биде предупредување за иднината.

Се работи за глечерот Окјокул, кој пред еден век опфаќал површина од 15 квадратни километри во западниот дел на Исланд со 50 метри дебел слој мраз, сега има површина од едвај еден квадратен километар и го изгуби статусот на глечер.

„Во следните 200 години се очекува сите наши глечери да го следат овој пат. Овој споменик е за да се потврди дека знаеме што се случува и што треба да се направи. Само вие знаете дали сме го направиле тоа“, пишува на плакетата на која стои датумот „август 2019“, како и зборовите „415ppm CO2“, што го означува рекордното ниво на јаглерод диоксид регистриран во атмосферата во мај оваа година.

Церемонијата на објавување на спомен-обележјето ќе биде направено на 18 август, а ќе го предводат научници од Универзитетот Рајс во Хјустон водечките истражувачи од Исланд, Андри Саер Магнасон и Одур Сигурдсон.