Sam Smith соопшти дека тој ќе ја пее насловната песна за новото продолжение на филмот за James Bond – Spectre.
Песната е со наслов „Writing’s On The Wall“ и ќе биде објавена на 25 септември. Според пејачот, песната е снимена во јануари, а во нејзината изработка биле вклучени Disclosure и Jimmy Napes.
„Ова е високо достигнувања во мојата кариера. Горд сум што ќе бидам дел од оваа култна британска легенда и што ќе се придружам на неверојатна листа изведувачи кои се моите најголеми музички инспирации“, изјави Smith за медиумите.
Тој претходно, во неколку наврати негираше дека е вклучен во најновото 24-то продолжение на филмот, кое треба да излезе на 26 октомври.