„Сакаме култура, а не реални шоуа“ – студентски протест во Белград

Во време кога речиси целата телевизиска програма е окупирана од реални шоуа како „Малдиви“, „Парови“, „Фарма“ и „Големиот брат“, младите од Србија покажаа дека имаат свој став. Синоќа студенти од Правниот и Факултетот за музичка уметност излегоа во центарот на Белград во знак на протест од ваквите случувања, јавува „24Сата“.

„Во соработка со нашите млади музичари од Факултетот за музичка уметност, студентите ја организираа акцијата „Сакаме култура, а не реални шоуа“.

На Плоштадот Република, пред бројни заинтересирани белграѓани, порачавме дека сакаме музеи и театри, а не „Фарми“, „Парови“ и „Големиот брат“. Покажавме дека ја цениме вистинската српска и европска култура и дека сме против промоција на неморалност и глупостите со кои изобилуваат телевизиските програми.

„Оваа можност ја користиме за да ги повикаме сите кои го делат нашето мислење да поделат слика и на тој начин да покажеме дека ги цениме вистинските вредности и дека нас кичот и шундот со кои не бомбардира Западот не не интересираат.

Го свртевме вниманието дека нашиот Народен музеј е со години затворен, дека многу театри и други институции се наоѓаат во тешка финансиска ситуација, како и дека ни е ускратено основното право на култура. Но очигледно многумина немаат слух за тоа и повеќе ја ценат „реалната“ програма“, се наведува во текстот на студентите , поставен на официјална страна на Фејсбук на организацијата „Систем на вредности“.

 

Претходно граѓаните на Србија се побунија против реланите шоуа и со онлајн петиција, во која бараат ваквата програма да се укине бидејќи пропагира погрешни вредности.