Сакам да дишам длабоко во Битола

На 18-ти декември 2013, на плоштадот Магнолија во Битола се одржа еднодневен настан „Сакам да дишам слободно“. Целта на настанот беше да се подигне свеста кај населението за загаденоста на воздухот во Битола, поттикнување на граѓаните да ја потпишат иницијативата за поставување на мерни станици и остварување на нивното право за здрава животна средина.

Сакам да дишам длабоко во Битола

Со овој настан, младите, сакаа да им покажат на сите граѓани на Битола каква е вистинската состојба со загаденоста на воздухот наспроти состојбата која се прикажува во јавноста. Со креативноста на младите ученици преку нивните ликовни цртежи, настанот се реализираше со посебна поддршка од сите граѓани кои се засегнати.

Сакам да дишам длабоко во Битола

Со иницијативата за поставување на мерни станици се собраа околу 400 потписи од посетителите на настанот и тоа од различни возрасти. Собраните потписи ќе се достават до Општина Битола во наредниот период.

Сакам да дишам длабоко во Битола

Настанот беше организиран од страна на група млади активисти, кои учествуваа на Школата за активно граѓанство (Обуки за младински активизам) како дел од Проектот на УСАИД за граѓанско општество во организација на Младинскиот образовен форум.

Проектот на УСАИД за граѓанско општество го спроведува Фондацијата Отворено општество – Македонија во соработка со четири граѓански организации: Младински образовен форум, Форум – Центар за стратегиски истражувања и документација, Центар за граѓански комуникации и Реактор – Истражување во акција.