Сајтовите на македонските општини „плачат“ за редизајн

Веб страниците на општините (таму каде што ги има или каде што работат), најчесто се копии една на друга, со речиси идентичен дизајн, малку интеракција со граѓаните и повеќе информации за градоначалниците и советот на општината отколку за самата општина, анализира It.com.mk.

Сајтовите на македонските општини „плачат“ за редизајн

Иако речиси сите општински страни имаат опција за контакт со граѓаните, најголем број од нив се премногу општи и граѓаните можат да го видат телефонскиот број, адресата или електронската пошта, но не и да направат нешто повеќе.

Сајтовите на македонските општини „плачат“ за редизајн

Недостигот за интеракција со граѓаните е сериозен недостаток и општините во блиска иднина би требало да го имплементраат ова на своите страни.

Како позитивен пример се издвојува општина Гази Баба, чиј сајт е убедливо најдобар, иако и во тесна конкуренција е и општина Виница која има своја општинска страна за фан клуб на Манчестер Јунајтед. Но, иако најдобар, сè што е кажано погоре за официјалните веб сајтови на македонските општини, важи и за сајтот на Гази Баба.

Откако ќе ни го покажат грбот на општината, во низа збутани сегменти се поставени повеќе информации и соопштенија од општините. Гази Баба можеби го има најдобриот сајт, но тој е исто толку комплициран како и сите други. Има премногу менији кои отвараат куп други менија и уште едно мени, за на крај да стигнете до бараната информација. Скриени во грдите менија од десна страна може да пронајдете информации за парковите и просторот за рекреација, а има и сервис кој корисниците може да го искористат за пријавување на проблем во општината. Жителите можат да пријават дефекти во уличните осветлувања, оштетување на патиштата, па се до непријатна миризба. Иако изведбата на оваа директна комуникација со граѓаните е далеку од совршена, Гази Баба е една од ретките веб страни кој го овозможуваат ова. Покрај Гази Баба и општините Центар и Велес го нудат овој сервис за пријавување на проблеми. Гази Баба има и QR код на сајтот, што ни остави добар впечаток се додека не сфативме дека го отвара истиот тој сајт.

Одличен пример од кои би можеле да црпат идеи нашите општини се Лос Анѓелес и Њујорк кој од неодамна имаат нови верзии на сајтови. Веб страната на Лос Анѓелес има навистина одлично интегриран сервис за пријавување на проблеми, па граѓаните лесно може да го пријават проблемот кој го имаат. Покрај општината овозможува и онлајн плаќање на казните за непрописно паркирање. Страната на Њујорк пак има поддршка за голем број јазици помеѓу кои е и македонскиот јазик, а интересно и објавувањето на работните места кои се под ингеренција на градот се на веб страната. Тоа што е иновативно на NYC.gov е што барањата од граѓаните се распроделени според популарност, односно колку повеќе граѓани ги пријавуваат така тие биднуваат се поголем приоритет за градот.

Целиот текст прочитајте го на It.com.mk