Сајбер криминалот „најисплатлива“ професија

Сајбер криминалците заработуваат и до два милиони евра годишно, колку и еден извршен директор на компанија, покажале резултатите од студијата што ја направи фирмата за сигурност на интернет „Бромиум“.

На пример, еден сајбер криминалец во Велика Британија неделно троши над два милиони евра на скапи спортски автомобили и казино во Лас Вегас.

Почетна плата во сајбер криминалот изнесува речиси 50 илјади евра.

Студијата покажува дека сајбер криминалците се професионални и ги копираат структурите на легитимните технолошки компании како „Убер“ и „Ер Би Ен Би“.

Студијата покажала и дека тие ретко одговараат пред законот бидејќи виртуелно се невидливи, а за властите претставува еден од најголемите предизвици да фати професионален хакер.