САФ со концерт ќе одбележат 15 години од албумот „Сафизам“

Иако одамна музички пензионирани (првите рап пензионери во МКД), групата САФ ги поканува фановите на 24 април  (сабота) да дојдат во МКЦ на концертна прослава на 15-годишнината од издавањето на албумот „Сафизам“.

„По тој повод, со нашите гости во МКЦ ќе се почестиме со една концертна дружба само за вистинските фанови на добрата хип хоп музика од сите генерации…..Овој семинар на хип хопот има за цел да одбележи еден клучен момент на македонската музичка сцена а тоа е издавањето на „Сафизам“, велат од групата.

Културолошки, музички, метафизички, албумот достојно ја претставуваше македонската сцена, доследно приготвувајќи го патот за генерацииите кои доаѓаат… „Сафизам“ е официјално првиот винил на поствоениот Балкан и воедно еден од највлијателните и најквалитетните музички остварувања на овие простори кои инспирирале нови генерациии да се посветат на урбаната уметност и да креираат :):) …Во 2000 година на 25 април во клубот Сачмо се случи промоцијата на Сафизам, сега 15 години подоцна во МКЦ ќе се собереме во полн состав да ја презентираме формулата за правење вистински Хипхоп:
1,2,3, Смилен ,Гоце, Пикисипи !!!