На 13 мај (вторник), со почеток во 18 часот, на саемскиот штанд на „Три“ читателите ќе имаат можност да добијат потпис и да се сретнат со македонската писателка Румена Бужаровска. Со над 2 000 продадени примероци, третото издание на „Тони“, првиот роман на Бужаровска, излезе свежо од печат пред Саемот на книга.
„Реалноста е секогаш пошокантна од тоа што го пишува во книгите – дојдете на дружба со домашната проза што ја освои Европа и наскоро ќе може да се чита на седум јазици“ велат од „Три“.
По средбата со Бужаровска ќе следува неофицијална музичка програма – „не грижете се, ништо што би му се допаднало на стариот бивш рокер Тони!“, додаваат од издавачката куќа.
Румена Бужаровска е најчитана авторка за 2024 година во „Три“