Саем за вработување и пракса „Контакт“ од 12 до 14 март

На комплексот на технички факултети од 12 до 14 март ќе се одржува шестото по ред издание на Саемот за вработување и пракса „Контакт 2019“.

„Најголемите компании од областа на информатиката, енергетиката, електрониката и машинството Ве чекаат во холовите на Факултетите од техничкиот кампус (ФЕИТ, МФС, ФИНКИ, ТМФ) каде ќе можете да се информирате подетално околу можностите за вработување во истите“, стои во најавата на настанот.

Од организацискиот одбор велат дека присуството значи чекор напред во професионална кариера.

„Станете дел од успешната приказна со оставање на своето CV на www.kontakt.org.mk и бидете во радарот на компаниите кои го ценат и бараат Вашето знаење и вештини!“, соопштува организацискиот одбор на „Контакт 2019“.