Саем за вработување и пракса на ФЕИТ

На Факултетот за електротехника и информациски технологии (ФЕИТ) денеска почна Првиот саем за вработување и пракса „Контакт“ во организација на Студентскиот парламен на ФЕИТ.

Саем за вработување и пракса на ФЕИТ

Анџело Лазаревски претседател на Студенскиот парламент на ФЕИТ истакна дека саемот ќе овозможи уникатна можност за студентите да остварат контакт со потенцијалните работодавачи, пренесе МИА.

– Со оглед на тоа што оваа е прва година на саемот, како организација сме задоволни што успеавме да обезбедиме 15 компани кои ја прифатија нашата понуда за соработка. На саемот има фирми од енергетскиот сектор, автоматиката, електрониката, економијата… така што саемот претставува можност за соработка не само за студентите од ФЕИТ туку и за студентите од општите науки, рече Лазаревски.

Според продеканката за настава на ФЕИТ Христина Спасевска, саемот за кариера треба да направи спој меѓу студентите и компаниите.

– Од минатата година нашиот факултет има нови студиски програми во првиот и вториот циклус на студии кои се подготвени во соработка со компаниите. Се залагаме, студентите освен што ќе се запознаат со работата на компаниите туку и да им се овозможи своите дипломски работи или трудови да ги изработуваат токму во компаниите, истакна Спасевска.

За студентката на ФЕИТ Стефани Гелева, саемот ќе овозможи студентите полесно да дојдат до компаниите како и за запознавање со нивната работа.

– На саемот ќе слушнеме што точно очекуваат компаниите од нас, и како полесно да можеме да ги поставиме нашите сивија за да се претставиме на пазарот на трудот, рече Гелева.

На тридневниот сеам предвидена е форумска расправа, предавања и презентации од преставници од компаниите а на крајот и доделување на сертификати.