Саем за можностите за студирање и стипендии во САД

Саем за високо Образование во САД ќе се одржи на 12 април во хотелот Холидеј Ин во Скопје, во организација на „EducationUSA“ и Амбасадата на САД во Македонија.

14 претставници на извонредни американски колеџи и универзитети ќе ги посетат Љубљана, Загреб, Сараево, Подгорица, Белград, Скопје и Приштина. Саемот е дел од Југоисточно – Европската EducationUSA тура која се организира по трет пат, по огромниот успех во 2014 кога турата привлече над 2000 посетители.

Претставниците на високообразовните институции кои ќе се претстават на Саемот во Скопје ќе одговараат на прашањата на посетителите за нивните академски програми за додипломски и постдипломски студии, како и на прашањата за можностите за стипендии и финансиска помош за студирање во САД.

Саемот ќе трае од 17:00 до 20:00 часот. Учеството е бесплатно, со претходна регистрацијата поради понатамошна комуникација со потенцијалните студенти како и за увид за бројот и интересите на заинтересираните посетители.Регистрацијата е достапна на следниот ЛИНК.