Саем на традиционални и еколошки производи во недела во Крушево

Во недела (26-ти јули) во Крушево ќе се одржи саемот на традиционални и еколошки производи  „Домашно е, од Крушево е…“.  Посетителите ќе имаат можност да уживаат и и дегустираат домашни тестенини, еколошки џемови, сирупи, природни чаеви и единствената Крушевска пита.

Љубителите на кулинарството ќе имаат можност да ги испробаат своите вештини во подготовка на крушевска пита и да бидат дел од манифестацијата Крушево Етно град.

Саемот ќе се одржи во Градскиот парк во Крушево,  од 12 до 15 часот.