Саем на книга од 8 до 14 мај во Скопје

31. Саем на книгата ќе се одржи во ВИП-арената „Борис Трајковски“, од 8 до 14 мај.

Годинава земја во фокусот е Унгарија, а на саемот ќе учествуваат издавачки куќи од Србија, Косово и од Албанија.

Во рамки на саемската манифестација се најавуваат големи саемски попусти и бројни промоции на нови изданија, како и средби со авторите.

Покровител на саемот е Министерството за култура. Лани Саемот на книга имаше рекордни 45.000 посетители, а организаторите и годинава очекуваат рекордна посетенот.