Саем на книга од 12 до 18 април во Скопје

И оваа година, посетителите на Саемот ќе можат да видат и да си купат современи и класични литературни дела, стручна научна и белетристичка литература, учебници и училишни прирачници, енциклопедии и дела од областа на културата и уметноста.
„28-миот, по ред Саем на книгата 2016  несомнено ќе биде место на литературни читања и обраќања на еминентни автори од оваа област кои одново ќе ја истакнат моќта на книжевните дела како суштински фактор за културното творештво на секој народ. На Саемот на книгата на едно место се претствуваат најголемите домашни издавачи, но и издавачи од регионот  што го прави овој саем еден од најатрактивните манифестации чиј број на посетители се движи околку 40.000“, стои во најавата на организаторите.
Паралелно со Саемот на книгата, од 14 до 16 април ќе се одржуваат и Скопје травел маркет, во втората хала и Денови на образование и кариера, во третата хала. Работното време на Саемот ќе биде од 10 до 20 часот, влезниците се 30 денари, а за организирани посети 20 денари.