Саем на кариера на Универзитетот на Југоисточна Европа

На 8-ми ма ј(среда) , Центарот за кариера при Универзитетот на Југоисточна Европа на организира „Саем на кариера“ каде што сите заинтересирани ќе можат да се сретнат со претставници од повеќе компании од Македонија.

Саем на кариера на Универзитетот на Југоисточна Европа

Целта на овој настан е студентите на универзитетот, средношколците, невработените лица и сите заинтересирани да остварат директни контакти со компаниите каде што би можеле да да ја извршуваат практичната работа или вработување.

Сите оние кои се заинтересирани за волонтирање или за вработување во некоја од македонските компании можат со себе да понесат CV и директно да разговараат со претставниците од команиите.

„Саемот за кариера“ во мај прерасна во традиционален настан на Универзитетот на Југоисточна Европа и претставува одлична можност младите да остварат контакт со компаниите од бизнис секторот од Македонија, велат организаторите.