Саем на кариера на платото на УКИМ

Агенција за млади и спорт организира „Саем на кариера 2018“. Настанот ќе се одржи утре, со почеток од 10:00 часот на платото на УКИМ.

Присутните ќе имаат можност да остварат директна комуникација со компаниите.

Учесници на саемот ќе бидат најпрестижните компании во Македонија, а настанот е отворен за сите млади и студентите од државните и приватните универзитети.

„Се што треба да направите е да донесете свое CV во електронска форма, и бидете чекор поблиску до кариерата која ја посакувате.
Покрај компаниите, свои штандови на саемот ќе имаат и Агенција за вработување на Р.М., Министерство за труд и социјална политика и Фондот за иновации и технолошки развој“, информираат од АМС.

Настанот е подржан од Бест Скопје и Аиесек Македонија.

Во склоп на „Саем на кариера 2018“, ќе се одржи панел дискусија на тема „Како до успешна кариера во македонски иновативни компании“. Повеќе информации и можност за регистрација на панелот на следниов линк.