Саем и предавање за активно граѓанство во Битола

Здружението за одржлив развој СФЕРА Македонија на 18 март од 11 до 17 часот во фоајето на Народниот Театар  – Битола  организира настан на тема активно граѓанство за граѓаните кои живеат на подрачјето во Битола и регионот.

Активноста вклучува:

1. НВО САЕМ на здруженија кои работат со млади и активно ги вклучуваат во секојдневниот живот (11.00-17.00ч)

2. Гостин говорник Блаже Јосифовски, Претседател на Ајде Македонија, иницијатор на најголемата акција за собирање на храна СИТЕ СИТИ, кој воедно ќе ја претстави оваа идеа како граѓанска иницијатива за победување на гладот. (13.00-14.00ч)

3. Презентирање на резултати од анкета спроведена во регионот на темите: граѓанско општество и граѓански ангажман. (14:00 – 14:15ч)

Со овај настан планирно е да се опфати голем број на засегнати млади луѓе по однос на овие прашања, но исто и граѓани од регионот кои се заинтересирани да го посетат НВО саемот и да го слушнат гостин говорникот.

Овај локален настан претставува дел од „Меѓународната недела на Граѓанското Општество 2019“.