Садовите за безбедносна проверка на аеродромите пренесуваат повеќе вируси од јавните тоалети

Пластичните садови кои се користат при безбедносната проверка на аеродромите содржат повеќе респираторни вируси отколку јавните тоалети, покажа неодамна објавено истражување.

Студијата, насловена „Прикажување на патогени респираторни вируси на често допрени површини на аеродромите“, се базираше на 90 примероци земени од различни површини и четири примероци на воздух собрани на аеродромот Хелсинки-Вантаа во текот на три недели во 2016 година.

Примероците се собирале неделно во различни делови од денот од различни места низ кои поминуваат патниците, од оградата на ескалаторите и копчињата за лифт, до количките и играчките во детската област.

Од тестираните примероци, се утврди дека безбедносните садови претставуваат најголем потенцијален ризик од вирусна зараза, при што четири од осум примероци излегле позитивни. Респираторните вируси откриени на садовите вклучуваат Аденовирус, грип А, Риновирус и Коронавирус (атипична пнеумонија) ОЦ43.

За споредба, од 42 примероци земени од три области во јавните тоалети на аеродромот – капакот, клучарката и казанчето – ниту едно од нив не содржи никакви респираторни вируси.

Според студијата, бидејќи садовите се користат од речиси сите патници, „тие имаат потенцијал да бидат особено проблематични ако сериозен патоген со индиректен механизам за пренос претставува закана за меѓународно ширење”.

Севкупно, најмалку еден респираторен вирус бил откриен во девет примероци на површината – односно 10 проценти.

Студијата дава препораки за запирање на ширењето на болестите во безбедносните области на аеродромот.

„Ризикот од оваа постапка може да се намали со нудење на течност за дезинфекција на рацете пред и по безбедносниот скрининг и почесто дезинфицирање на лентата”, се вели во извештајот.

Според нив, безбедносните садови не се чистат редовно.

„Иако ова не би ги елиминирало сите вируси на рацете, (на пример, алкохолните гелови се сметаат за помалку ефикасни од миење раце за риновирусот), тоа е ефикасно за многу вируси, вклучувајќи го и грипот”.

Според студијата, порастот на воздухопловните патувања ја зголеми веројатноста за појава на заразни болести кои брзо се шират меѓу земјите и континентите – на пример, брзото ширење на силниот акутен респираторен синдром (САРС) од Хонг Конг во неколку земји за краток временски период во 2003 година.

Студијата заклучува дека овие наоди ја нагласуваат потребата да се испита улогата на разните сообраќајни центри во пренесувањето на респираторните вируси, вклучувајќи ги и аеродромите, пристаништата и подземните станици.