#СадиСиДома – Инстаграм предизвик од млади за млади

Волонтерите на УНИЦЕФ, Ангела Блажевска (24) и Филип Тодосов (18), заедно со Милка Мукаетова (19), Анастасија Анастасовска (16) и Светлана Зузаровска (24) неодамна ја започнаа иницијативата #СадиСиДома, која многу брзо прерасна во нешто кое ни тие не го очекувале.

Велат дека градинарството му додава денови на нашиот живот, но и живот на нашите денови. Нивната замисла е секоја среда на Инстаграм да објавуваат по еден предизвик за своите поддржувачи и следбеници, од одгледување семиња од плод на јагоди, па се до користење рециклирани предмети коишто луѓето ги имаат во нивните домови.

Тие, исто така, ги мотивираат своите следбеници и поддржувачи преку споделување позитивни пораки за влијанието на градинарството врз менталното здравје, интересни квизови и помалку познати факти. Откриваат дека штом дозволат околностите, планираат да прават помали настани каде што волонтерите ќе можат да дојдат и да си разменат садници и семиња кои ги подготвиле за садење. Со цел понатамошно ширење на идејата планираат на своите волонтери активатори да им делат „Starter Кits“ што ќе содржат семиња од интересни растенија.

На 6-ти април оваа година, е објавен првиот предизвик на Инстаграм-профилот @sadisidoma, предизвикувајќи ги волонтерите да се приклучат на предизвикот и да постават слика од својата домашна градина.

#СадиСиДома е Инстаграм предизвик создаден од младите млади за млади, кој настанува на првите работилници за креирање на иницијативата на УНИЦЕФ, „Волонтирање во време на КОВИД-19“.

#СадиСиДома има за цел да го поддржи менталното здравје на младите преку поврзување со нивните врсници, ширење позитивна енергија и подигање на еко-свесноста. Преку Инстаграм, младите го следат новиот тренд, подготвуваат градинарски предизвици за своите врсници, споделуваат идеи и совети за садење и негување растенија.

Извор: УНИЦЕФ