САД забрани увоз на производи изработени од робови

Претседателот на САД Барак Обама, во средата потпиша забрана за увоз на риби уловени од робови во југоисточна Азија, злато од рудници во кои работат деца во Африка и платна шиени од злоупотребувани жени во Бангладеш.

Со тоа се затвори дупка во законот со која во последните 85 години продуктите изработени од деца и присилени работници останале на американскиот пазар.

Експозе на Associated Press минатата година откри дека тајландски компании извезуваат морска храна уловена и преработена од заробени и присилени работници во САД. Повеќе од 2000 рибари беа спасени, а повеќе од десет осомничени криумчари беа уапсени. Морска храна и бродови во вредност од милиони долари беа запленети.

„Срамно е што 85 години Соединетите Американски Држави дозволуваа производите изработени од присилени работници да се продаваат во земјава. Затворањето на оваа дупка во законот им дава на САД важна алатка да се борат со ропството на глобално ниво“, изјавил во средата сенаторот Шерод Браун, кој го предложил амандманот.

Извор: Mashable