САД ќе го тужи „Гугл“ за илегална монополизација

Со тужбата, компанијата ќе биде обвинета за доминирање на пребарувањето и рекламирањето.

САД се очекува да покрене правна постапка против „Гугл“, а компанијата е обвинета за злоупотреба на својата позицијаи задржување на монополот на пребарувањето и рекламирањето.

Оваа тужба е една од најважните легални битки за технолошката компанија, а таа е резултат на зголемената критика кон бизнис практиките на големите технолошки компании.

Се очекува тужбата да биде покрената во Вашингтон и треба да докаже дека „Гугл“ неферски се однесува како „чувар на портите“ на интернетот преку своите постапки кои ги отфрлаат од игра бизнис конкурентите.

Тужбата истовремено ќе се однесува и на фактот дека пребарувањето преку „Гугл“ не може да биде избришано, поради тоа што мобилните телефони го имаат интегрирано во својот оперативен систем.

„Гугл“ доминира во онлајн пребарувањето во САД, а преку него се одвиваат 80 отсто од пребарувањата.

Ваквата тужба е пресврт за Силициумската долина која досега успешно ги одбегнуваше судирите со Вашингтон, иако водеше судски спорови со европските регулатори.

Европските регулатори досега го казнија „Гугл“ со вкупно девет милијарди долари поради своите антиконкурентски политики. Во 2018 година Доналд Трамп ги нападна ваквите европски одлуки.

„Ви реков! Европската Унија што туку го казни „Гугл“ со казна од пет милијарди долари, а тоа е една од нашите одлични компании. Тие досега го искористуваа САД, но тоа нема да трае уште долго“, изјавил во една прилика Трамп.

Ваквото расположение не траеше долго, па Трамп и дузина конзервативци им се придружија на либералните сенатори Елизабет Ворен и Берни Сандерс во нападите против доминантноста на технолошките фирми како „Амазон“, „Гугл“, и „Фејсбук“.

Тужбата е резултат на заклучокот од Белата куќа дека големите компании имаат голема моќ и го цензурираат политичкиот наратив, шират дезинформации и „ги згаснуваат моторите на американската економија“.

Ова е втора тужба од ваков вид, откако во 1998 година Вашингтон го тужеше „Мајкрософт“ поради монополизација. Тужбата беше врз основ на Актот „Шерман“, закон кој датира од 1890 година и ја охрабрува конкурентноста помеѓу компаниите.

Извор: Guardian